• недела, 27 октомври 2024

Најмалку 16 загинати и 11 уапсени во судир меѓу завојуваните картели во Мексико

Најмалку 16 загинати и 11 уапсени во судир меѓу завојуваните картели во Мексико

Мексико Сити, 25 октомври 2024 (МИА) - Во престрелка меѓу два ривалски нарко картела во мексиканската држава Гереро вчера загинаа 16 лица, соопштија властите.

Завојуваните картели се судрија во рурална, планинска област на државата, во последните неколку години буквално е претворена во бојно поле.

Локалната полиција била изненадена во нападот, па двајца полицајци загинале, а четворица се повредени, соопшти мексиканското Министерство за одбрана.

Британските медиуми јавиваат дека по укажаната помош ранетите полицајци се наоѓаат во стабилна состојба.

На нападот одговори и Националната гарда која се наоѓала во близина, а тројца нејзини воени офицери, исто така, биле ранети, додаде Министерството.

Се претпоставува дека 14 од загинатите се членови на криминални групи, а 11 лица се уапсени.сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан