• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку 14 млади китови се насукаа и угинаа во јужна Австралија

Најмалку 14 млади китови се насукаа и угинаа во јужна Австралија

Сиднеј, 20 септември 2022 (МИА) - Најмалку 14 млади китови угинаа откако се насукаа на плажа на остров од покраината Тасманија, во јужна Австралија. Причината за насукувањето не е позната, а биолозите и ветеринарите се на терен и истрагата е во тек. Со воздушно извидување ќе се утврдува и дали има уште насукани животни во областа.

Насукувањето китови не е невообичаено во ова подрачје, но сè уште не се знае конкретната причина за последниов настан. - Китовите можеби тргнале во погрешна насока, следеле болен или дезориентиран водач или од некаков страв побегнале во поплитки води, вели научникот Ванеса Пирота. Во септември 2020 година, повеќе од 380 китови угинаа по најголемото масовно насукување во историјата на Австралија.  си/јт/

Остани поврзан