• недела, 09 март 2025

Најмалку 14 лица загинаа, а 37 се повредени ноќеска во руски напади во источна Украина и Харков

Најмалку 14 лица загинаа, а 37 се повредени ноќеска во руски напади во источна Украина и Харков

Киев, 8 март 2025 (МИА) - Во руските ракетни напади врз градот Добропилија во источна Украина во текот на ноќта загинаа најмалку 11 лица, а ранети се 37, меѓу кои пет деца, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Тројца цивили се убиени во напад со беспилотно летало врз регионот Харков на североисток, додаде Министерството за внатрешни работи.

Тие посочија дека руските сили ја нападнале Добропилија со неодреден број проектили, вклучително и балистички ракети и беспилотни летала. Оштетени се осум катни згради и 30 автомобили.

„За време на гаснењето на пожарот, окупаторите повторно удрија и оштетија противпожарно возило“, напиша Министерството на својот канал Телеграм.

Добропилија, град со предвоено население од околу 28.000 жители, се наоѓа во источниот регион Доњецк, 22 километри северно од главниот град Покровск, кој руските трупи го напаѓаат со недели. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан