• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 12 проирански борци се убиени во израелски напад врз фабрика во Алепо

Најмалку 12 проирански борци се убиени во израелски напад врз фабрика во Алепо

Алепо, 3 јуни 2024 (МИА) - Најмалку 12 проирански борци се убиени синоќа во израелски напад врз фабрика во близина на Алепо, во северна Сирија, соопшти невладиниот Центар за мониторинг на човековите права.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, Израел извршува редовни напади во Сирија, насочени кон армијата на Башар ал Асад и проиранските групи кои се инсталираа таму и го поддржуваат сирискиот претседател.

„Дванаесет проирански борци од сириска и странска националност се убиени според првиот извештај во израелски воздушен напад врз позиција во градот Хајан, северно од Алепо, што предизвика силни експлозии во фабриката“, соопшти Сирискиор Центар, со седиште во Лондон.

Сириското Министерство за одбрана соопшти дека по полноќ „израелскиот непријател изврши воздушен напад од југоисточен Алепо насочен кон некои позиции во близина на Алепо“, и дека во нападот загинале неколку лица, а причинета е материјална штета.

Центарот објави дека градот Хајан е под контрола на проирански групи во кои има сириски и странски државјани.

Израелските напади се засилија од 7 октомври минатата година и почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа.сд/

Остани поврзан