• вторник, 26 ноември 2024

Најмалку 12 Палестинци повредени во судири со израелската полиција во Ал Акса

Најмалку 12 Палестинци повредени во судири со израелската полиција во Ал Акса
Ерусалим, 29 април 2022 (МИА) - Најмалку 12 Палестинци се повредени денеска во судири со израелската полиција во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим, соопшти палестинската Црвена полумесечина. Израелската полиција соопшти дека интервенирала и испукала гумени куршуми и шок бомби, откако стотици луѓе фрлале камења и пиротехнички средства во правец на Западниот ѕид, каде што се одржувала богослужбата на еврејските верници. „Ќе продолжиме да дејствуваме одлучно против бунтовниците и одметниците заради јавната безбедност“, се вели во соопштението на полицијата. Во текот на овој месец имаше речиси секојдневни судири во џамијата, бидејќи исламскиот Рамазан се совпадна со прославата на еврејската Пасха, поради што стотици илјади муслимани и Евреи ја посетија џамијата Ал Акса во Ерусалим, чиј комплекс е свет за двете религии. Ал Акса е третото најсвето место за исламските верници, кое е изградено на врвот на ридот што, пак, е најсвето место и за Евреите, кои го нарекуваат Планина на храмот и со децении е главно жариште на израелско-палестинско насилство. паг/  

Остани поврзан