Најмалку 12 лица повредени во руски воздушен напад врз Харков, соопшти украинската полиција
- „Во 03 часот во Харков се повредени 12 лица во руско гранатирање. Националната служба за безбедност во регионот Харков постојано работи, истражителите добиваат изјави од жртвите за материјална штета“, се наведува во соопштението на полицијата, пренесено од Укринформ.
Харков, 21 октомври 2024 (МИА) - Во руски воздушен напад врз украинскиот град Харков се повредени 12 лица, соопшти локалната полиција.
„Во 03 часот во Харков се повредени 12 лица во руско гранатирање. Националната служба за безбедност во регионот Харков постојано работи, истражителите добиваат изјави од жртвите за материјална штета“, се наведува во соопштението на полицијата, пренесено од Укринформ.
Според првичните податоци, руската армија го нападнала Харков со наведувани воздушни бомби КАБ-250.
Локалната полиција соопшти дека нејзини припадници ќе ги чуваат оштетените куќи додека комуналните служби не ги поправат сите прозорци.сд/
фото:МИА архива