• среда, 14 мај 2025

Најмалку 11 луѓе загинаа кога возило влета во публиката на фестивал во Канада (ДПЛ)

Најмалку 11 луѓе загинаа кога возило влета во публиката на фестивал во Канада (ДПЛ)

Отава, 27 април 2025 (МИА) - Најмалку 11 луѓе загинаа, а десетици се повредени во синоќешниот напад врз насобраниот народ, кој присуствувал на фестивал во канадскиот град Ванкувер.

Автомобил влета во публиката на фестивалот „Лапу Лапу“, посветен на филипинската култура што се одржува секоја година.

Возачот (30) е уапсен на местото на настанот. Тој имал проблеми со менталното здравје.

Канадската полиција соопшти дека не инцидентот не е терористички напад. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан