Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико
- Најмалку шест лица загинаа, а десет се повредени откако група непознати напаѓачи отворија оган во дискотека во мексиканскиот град Виљаермос

Мексико Сити, 24 ноември 2024 (МИА) – Најмалку шест лица загинаа, а десет се повредени откако група непознати напаѓачи отворија оган во дискотека во мексиканскиот град Виљаермос.
Окружното обвинителство соопшти дека напаѓачите влегле во дискотеката да убијат едно лице, а другите жртви се „колатерална штета“.
По инцидентот напаѓачите побегнаа, а властите немаат информации каде се наоѓаат, ниту колку луѓе биле вклучени во нападот. ми/
фото: МИА архива