• недела, 06 октомври 2024

Најмалку шест лица уапсени близу Амбасадата на Белорусија во Москва

Најмалку шест лица уапсени близу Амбасадата на Белорусија во Москва
Москва, 13 август 2020 (МИА) - Руската полиција уапси најмалку шест лица во близина на Амбасадата на Белорусија во Москва, јави ТАСС. Околу 300 луѓе се собраа да протестираат пред Амбасадата, обвинувајќи за изборен фалсификат на претседателските избори во Белорусија, на кои претседателот Александар Лукашенко освои уште еден мандат. Руската полиција ги тера демонстрантите да се повлечат од зградата, но улиците не се блокирани и протестирачите се враќаат назад. ссм/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан