• понеделник, 16 декември 2024

Најмалку четири лица загинаа во поплавите во Мароко, 14 се водат како исчезнати

Најмалку четири лица загинаа во поплавите во Мароко, 14 се водат како исчезнати

Рабат, 8 септември 2024 (МИА) – Најмалку четири лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови во југоисточниот дел на Мароко, соопштија денеска властите.

Уште 14 лица се водат како исчезнати откако поплавите зафатија многу села во областа.

Локалните власти информираа и дека осум куќи биле уништени во селото Аукерда во провинцијата Тата. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан