• вторник, 24 декември 2024

Најмалку четири жртви во Луизијана од последици од ураганот Лаура

Најмалку четири жртви во Луизијана од последици од ураганот Лаура
Вашингтон, 28 август 2020 (МИА) – Најмалку четири лица загинаа од ураганот Лаура во американската држава Луизијана, соопштија локалните власти. Гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, соопшти дека сите граѓани починале од последици од паѓање на дрва. Меѓу жртвите е и 14-годишно девојче од градот Лисвил и тројца локални жители на Вернан, Џексон и Акадија. Едвардс рече дека тековните приоритети се потрага по загрозени и спасување, заедно со обезбедување сместување за граѓани чии домови биле уништени. Ураганот Лаура ја погоди сојузната држава Луизијана како едно од најсилните невремиња што досега ги погоди САД. Американските медиуми синоќа јавија дека ураганот Лаура ослабел во тропска бура со максимален ветер од скоро 70 километри на час, откако ја погоди американската сојузна држава Луизијана. јт/

Остани поврзан