• среда, 28 август 2024

Најмалку тројца загинати при уривање зграда во Каиро

Најмалку тројца загинати при уривање зграда во Каиро
Каиро, 15 февруари 2021 (МИА) - Најмалку три лица загинаа синоќа во Каиро кога делумно се урна станбена зграда, соопштија денеска египетските власти. Спасувачките екипи сè уште трагаат по можните преживеани заробени под урнатините на двокатната зграда во населбата Род ел-Фараг во египетската престолнина. Како што објави државниот весник Ал Ахрам, сите три жртви се од исто семејство. Шестгодишно дете е извлечено од урнатините и пренесено во болница поради повреди, соопштија официјалните лица. Причината за уривањето на зградата е сè уште непозната, но во Египет тоа често се случува поради лошата градба во сиромашните урбани маала и руралните области. Во декември, пет лица загинаа кога се урна станбена зграда во Александрија. Во големите градови како Каиро и Александрија, инвеститорите честопати ги кршат дозволите за градење додавајќи повеќе катови заради поголема заработка. Владата неодамна започна акција против нелегалното градење низ целата земја, апсејќи и казнувајќи ги прекршителите и често уривајќи згради. паг/    

Остани поврзан