Најмалку тројца загинати при воздушен напад врз Словјанск
- При нападот, загинаа три лица, а повредени се шестмина. Оштетени се една училишна зграда и повеќе облакодери. Се претпоставува дека бројот на жртвите најверојатно е поголем

Киев, 31 мај 2022 (МИА) - Гувернерот на областа Доњецк, Павло Кириленко соопшти за нов воздушен напад на руските сили врз Словјанск.
При нападот, загинаа три лица, а повредени се шестмина. Оштетени се една училишна зграда и повеќе облакодери. Се претпоставува дека бројот на жртвите најверојатно е поголем.
Регионалниот гувернер на Луганск, Сергеј Хајдај изјави дека Северодонецк е под континуирано бомбардирање. Ситуацијата во градот „останува многу тешка“.
- Борбата продолжува, истакна Хајдај. бд/ми/