• среда, 25 декември 2024

Најмалку седум лица загинаа при уривање карпа во моторен чамец во Бразил

Најмалку седум лица загинаа при уривање карпа во моторен чамец во Бразил
Бразилија, 9 јануари 2022 (МИА) - Најмалку седум лица загинаа, три се водат за исчезнати, а девет се тешко повредени кога во саботата карпа удрила во моторен чамец под водопад во југоисточниот дел на Бразил, соопшти локалната противпожарна служба. „Камениот блок ненадејно се одвоил од ѕидот на кањонот и удрил во неколку чамци, предизвикувајќи огромен бран над езерото Фурнас во регионот Капитолио, во државата Минас Жераис“, соопштија локалните власти. Властите соопштија дека пожарникарите и нуркачите трагаат по исчезнатите. Потврдено е дека во несреќата се повредени најмалку 32 лица, а меѓу нив 23 лица со полесни повреди се пренесени во Санта Каса де Капитолио и веќе се пуштени од болница. Езерото Фурнас, познато и како „Минасово море“, е популарна туристичка дестинација во област околу 420 километри северно од Сао Паоло. паг/  
 

Остани поврзан