• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку едно лице загина во ураганот Берил во карипската држава Гренада

Најмалку едно лице загина во ураганот Берил во карипската држава Гренада

Сент Џорџ, 2 јули 2024 (МИА) - Најмалку едно лице загина од ураганот Берил што ја погоди карипската земја Гренада, соопштија официјални лица.

Американските медиуми јавуваат дека ураганот Берил доцна синоќа зајакна до петта категорија, корнејќи ги покривите и предизвикувајќи голема штета на куќите низ југоисточниот дел на Карибите.

Берил го погоди островот Кариака во карипската држава Гренада како бура од четврта категорија, а потоа синоќа достигна брзиина од 260 милји на час и стана бура од петта категорија, соопшти Националниот центар за урагани во Мајами.

Ураганот оштети куќи, корнеше дрвја и урна далноводи во островската држава Света Луција, јужно до Гренада.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан