• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку една жртва во пукање во Атланта

Најмалку една жртва во пукање во Атланта

Атланта, 3 мај 2023 (МИА) – Најмалку едно лице е убиено, а три се хоспитализирани по пукање во медицински центар во американскиот град Атланта, соопшти локалната полиција.

Осомничениот за нападот сè уште е во бегство.

Локалната полиција соопшти дека жителите во областа каде што се случи нападот треба да останат внатре и да не излегуваат на улица затоа што постои сомнеж дека напаѓачот е вооружен и опасен. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан