• понеделник, 22 јули 2024

Најмалку деветмина загинаа при уривање на покрив на црква во Мексико

Најмалку деветмина загинаа при уривање на покрив на црква во Мексико

Мексико Сити, 2 октомври 2023 (МИА) - Најмалку девет лица загинаа кога синоќа се урна покрив на црква во североисточно Мексико, соопштија локалните власти.

Најмалку 40 лица се повредени, соопшти канцеларијата на портпаролот на државната безбедност Тамаулипас.

Локалните медиуми јавија дека луѓето славеле крштевање во црквата во градот Сиудад Мадеро кога се урнал покривот.

Војници, полицајци, пожарникари и болничари биле вклучени во спасувачката операција, а доцна вчера биле донесени кучиња за да помогнат во потрагата по преживеани.

Локалниот бискуп, Хозе Армандо Алварез, побара од луѓето да се молат за преживеаните.

-Преживуваме многу тежок ден. Во моментов се работи на извлекување на преживеаните кои беа затрупани под урнатините. Ние се молиме за нив, рече тој во видео-порака на Фејсбук. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан