• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку две лица загинаа, а 13 се повредени во оружен напад во Чикаго

Најмалку две лица загинаа, а 13 се повредени во оружен напад во Чикаго
Чикаго, 14 март 2021 (МИА) - Најмалку две лица се убиени, а 13 се повредени во напад со огнено оружје на една забава во американскиот град Чикаго. Полицијата по пристигнувањето на местото на инцидентот, денеска во раните утрински часови по локално време, затекнала 13 застрелани луѓе. Жртвите се на возраст меѓу 20 и 44 години, а некои од повредените се наоѓаат во критична состојба, соопшти полицијата. Полициски претставник истакна дека забавата се одржувала во импровизирано кафуле - гаража на шлеп-компанија, која била пренаменета во угостителски објект. Локалната противпожарникарска служба соопшти дека ситуацијата на теренот била „многу хаотична“. Засега не е познат мотивот за оружениот напад, а се шпекулира дека еден од гостите отворил оган откако учествувал во караница. Осомничениот се уште не е притворен, а истрагата е во тек. гт/

Остани поврзан