• четврток, 30 јануари 2025

Најмалку две лица загинаа, а седум се ранети во руски напад врз градот Суми, во Украина

Најмалку две лица загинаа, а седум се ранети во руски напад врз градот Суми, во Украина

Киев, 30 јануари 2025 (МИА)  - Најмалку две лица загинаа, а седум се ранети рано утринава во напад на руски дрон врз станбена зграда во градот Суми, во североисточна Украина, соопшти украинската служба за итни случаи.

Меѓу ранетите има седумгодишно дете и 18-годишно момче, јавија украинските медиуми.

Сите повредени се пренесени во локалните болници.

Шефот на регионот Суми, Володимир Артјук, на својот канал на Телеграм изјави дека службите за итни случаи ги евакуираат жителите од деловите на зградата кои беа оштетени во нападот, пренесе Укринформ.

 Украинските медиуми објавија дека Русите нападот го извршиле со дронови „шахид“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан