• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку две жртви во поплавите во Италија, едно лице исчезнато

Најмалку две жртви во поплавите во Италија, едно лице исчезнато

Милано, 3 мај 2023 (МИА) – Најмалку две лица ги загубија животите во невремето и поплавите што ја зафатија Италија, а едно лице се води како исчезнато.

Еден постар маж загина при излевање на реката Сенио поради обилни врнежи во градот Кастел Болоњезе, во провинцијата Равена, јавија италијанските медиуми.

Уште едно лице загина при уривање на куќа во градот Фонтанеличе кај Болоња, по лизгање на земјиште, а уште едно лице се води како исчезнато.

Во Фаенца дошло до поплави поради пробивање на бреговите на реката Ламона, при што некои куќи биле евакуирани како мерка на претпазливост.

Поплавите го зафатија регионот Емилија Ромања, а особено провинциите Болоња, Форли, Модена и Равена.

Противпожарни бригади се ангажирани во бројни интервенции поради излевање на реки и свлечишта. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан