Најдобрите пет пицерии во светот
- Престижното рангирање пицерии од 2017 година го составуваат анонимни познавачи, водејќи се пред сѐ од квалитетот на пицата, но и од други критериуми, како што е понудата на вино и пиво.

Рим, 15 септември 2022 (МИА) - Објавено е годишното рангирање на 50-те најдобри пицерии во светот, составено од италијанската иницијатива „50 Топ пица“. Следи топ-5 листата.
„Менито говори за истражување на најмодерните теста, прецизно готвење и интересни комбинации на висококвалитетни состојки што зборуваат за експериментирање со елегантна кујна и пица која останува апсолутен протагонист на трпезата“, стои на нивната страница. Престижното рангирање пицерии од 2017 година го составуваат анонимни познавачи, водејќи се пред сѐ од квалитетот на пицата, но и од други критериуми, како што е понудата на вино и пиво. Годинава на списокот најдобри светски пицерии првото место го делат две гостилници - „Пицерија И Масаниели“ од Касерта, Италија и „Уна пица Наполетана“ од Њујорк, САД. А, третото место ѝ припадна на француската пицерија „Пепе“ во Париз.