• вторник, 24 декември 2024

Најголемиот леден брег во светот „А23а“ почна да се движи - поголем е отколку што се мислеше

Најголемиот леден брег во светот „А23а“ почна да се движи - поголем е отколку што се мислеше

Лондон, 14 декември 2023 (МИА) – Најголемиот леден брег во светот -„А23а“ почна да се движи, откако 30 години беше заглавен во Веделовото Море и во моментов има волумен од приближно 1.100 кубни километри и тежи нешто помалку од билион тони, што е повеќе отколку што се мислеше.

Научниците дојдоа до големината на ледениот брег со комбинирање на неговата претходно позната површина од 3.900 квадратни километри со новооткриената бројка на нејзината дебелина, што е нешто повеќе од 280 метри, пишува Би-Би-Си.

„А23а“ беше измерен од мисијата CrioSat-2 на Европската вселенска агенција, која носи радарски висинометар што може да насети колкав дел од планината е над површината на водата, а потоа, користејќи информации за густината на мразот, можно е да се одреди големината на делот што е под вода.

Сега податоците од CrioSat-2 на Европската вселенска агенција го потврдуваат тоа што научниците претходно го претпоставуваа - дека „ледениот џин“ има еден дел што е значително поголем од остатокот, кој, според експертите, во 2018 година се протегал на 350 метри под површината на вода .

Сателитските снимки покажуваат дури и површински пукнатини што се отвориле директно над делот што служел како сидро со децении, предизвикани од силен судир со морското дно.

Во годините што следеа, „А23а“ постепено ја губеше масата за на крајот да се ослободи и да почне да се движи. Ледениот брег стигна до врвот на Антарктичкиот Полуостров, од каде се претпоставува дека ќе го продолжи патувањето кон Јужниот Атлантик.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан