„Највисокиот човек на светот“ живее во куќа специјално дизајнирана за него
- Фотографите решија да го посетат и Косен. Првиот впечаток е домот специјално дизајниран за највисокиот човек на планетава.

Мардин, 26 септември 2022 (МИА) - Султан Косен од селото Дерик, близу градот Мардин, југоисточна Турција, е висок 2,51 метар и ја носи титулата „највисок човек на светот“ денес.
Деновиве во неговото родно место се одржува натпревар по фотографија наречен „Национален фотосафари - Мардин“, па учесниците и членовите на жирито на овој натпревар решија да го посетат и Косен. Првиот впечаток е домот специјално осмислен за највисокиот човек на планетава.
