• сабота, 23 ноември 2024

Највалканиот дел од телото, честопати, е папокот

Највалканиот дел од телото, честопати, е папокот
Лос Анџелес, 26 јануари 2022 (МИА) - Редовното капење е составен дел од основната хигиена, но и оние кои го прават тоа повеќепати од потребното, понекогаш не се имуни на штетни бактерии. Еден дел од телото се смета за највалкан, затоа што луѓето му обрнуваат многу малку внимание - папокот. Неговата хигиена не треба да се занемарува, а обично не му е доволно само едноставно туширање. Истражувањата покажуваат дека над 60 различни видови бактерии можат да се насоберат во папокот и неговите набори. - Тука може да се акумулира пот, мртви клетки на кожата, маснотии, остатоци од ткива, бактерии и сѐ тоа се претвора во папочен камен или тн. омфалитис. Овој кластер може да биде во разни бои, а најчесто е црн или светло кафен, објаснува д-р Карен Рајан. Папокот треба да се чисти при секое капење - нежно, со прстите и со вода, без да се повредите, бидејќи раните на папокот прилично тешко зараснуваат. Во случај на невообичаена состојба со папокот, се препорачува консултација и помош од дерматолог или општ лекар.  си/

Остани поврзан