• петок, 27 декември 2024

Конференција за управување со кризи и јакнење на локалните капицитети за спречување на насилство и насилен ектремизам

Конференција за управување со кризи и јакнење на локалните капицитети за спречување на насилство и насилен ектремизам

Скопје, 8 јуни 2023 (МИА) - Во организација на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП денеска ќе биде одржан втората Национална конференција во рамки на проектот „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“.

Фокусот на панел дискусијата на годинашнава конференција ќе биде на управување со кризи и јакнење на локалните капицитети за спречување на насилство и насилен ектремизам.

Воедно, на конференцијата ќе бидат потпишани и договорите со добитниците на грантови од грантовата линија - Национални интервенции, а ќе бидат споделени и информации за претстојниот повик за регионални грантови.

Проектот СМАРТ Балкан, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка со грант од над 17 милион евра, тековно се спроведува од 1 јануари 2022 година од страна на конзорциумот на организации: Центар за промоција на цивилно општество (ЦПЦД), како водечки партнер, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија.

Главната цел на проектот е да придонесе кон  зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во Западен Балкан преку јакнење и поттикнување на граѓанските организации и нивните мрежи за посилна и поактивна улога во процесот на создавање мирни и инклузивни општества за одржлив развој на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. сст/мд/

фото Смарт Балканс

 

Остани поврзан