Промоција на „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“
- Изданието е на Државниот архив, а содржи богат архивски материјал за проучување на лингвистиката, историјата и дава претстава за преплетувањето на политиката и науката во однос на историјата на Македонија и македонскиот народ, како и феноменот на корумпирањето на научниците во минатиот век.

Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Во НУ Музеј на македонската борба за самостојност денеска ќе биде промовирано изданието „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“ од авторите д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски.
-Изданието е на Државниот архив, а содржи богат архивски материјал за проучување на лингвистиката, историјата и дава претстава за преплетувањето на политиката и науката во однос на историјата на Македонија и македонскиот народ, како и феноменот на корумпирањето на научниците во минатиот век, се наведува за делото.
Промотори на настанот ќе бидат д-р Валентина Миронска-Христовска, д-р Димитар Пандев и д-р Михајло Миноски. дма/вг/
Фото: Плакат