• четврток, 06 март 2025

Јубилејни признанија за партнерите и соработниците на Црвениот крст

Јубилејни признанија за партнерите и соработниците на Црвениот крст

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска ќе им додели јубилејни признанија на партнерите и соработниците кои со својата поддршка и посветеност значително допринеле во реализирањето на хуманитарните активности и проекти што ги спроведува оваа организација.

-Признанијата се знак на благодарност за долгогодишната соработка и напорите кои овие институции и поединци ги вложиле за подобрување на животот на ранливите и маргинализираните групи во друштвото, велат од Црвениот крст.

Овој настан, додаваат има за цел не само наградување на долгогодишната соработка, туку и поттикнување во активностите на Црвениот крст да се вклучат нови партнери и соработници, кои продолжуваат да играат клучна улога во обезбедувањето хуманитарна помош за најпотребните.

Црвениот крст, велат оттаму, ќе продолжи да го проширува своето влијание и соработката со сите заинтересирани страни, со цел да обезбеди поддршка за оние кои најмногу се потребни. сст/ев/

фото МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан