• петок, 26 јули 2024

„Читаме музика“ ‒ поетско-музички перформанс во Крива Паланка

„Читаме музика“ ‒ поетско-музички перформанс во Крива Паланка

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - На платото пред Градски музеј Крива Паланка вечер со почеток во 20 часот  ќе се одржи поетско-музички перформанс „Читаме музика“.

Ќе настапат Владимир Мартиновски, Перица Сарџоски, Николина Андова Шопова, Јулијана Величковска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади, Марија Ангеловска, Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова.

Настанот е дел од програмата на „Крива Паланка ‒ Град на културата 2024“ во организација на Општина Крива Паланка во соработка со издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје. хс/ев/

Фото: ПНВ Публикации 

Остани поврзан