• петок, 05 декември 2025

Чистење на резервоарот Рашче, без вода Рашче, Копаница и Бојане

Чистење на резервоарот Рашче, без вода Рашче, Копаница и Бојане

Скопје, 9 ноември 2025 (МИА) - Чистење на резервоарот на вода во селото Рашче ќе се врши денеска поради што без вода ќе бидат населените места Рашче, Копаница и Бојане. 

Од „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот. 

Исто така, поради водоводен приклучок на улицата „Христо Смирненски 13“ од 9 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе бидат корисниците на дел од истата улица, поточно на потегот од Зур - Маркет до бул. Партизански Одреди во општина Центар. бак/вг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан