• четврток, 26 декември 2024

Хуманитарен концерт за Турција и Сирија во КСП Центар Јадро

Хуманитарен концерт за Турција и Сирија во  КСП Центар Јадро

Скопје, 11 март 2023 (МИА) - Хуманитарен концерт за погодените семејства од земјотресите во Турција и Сирија ќе се одржи денеска во просториите на КСП Центар Јадро во Скопје.

Ќе настапат Хана Корнети-укулеле, Марија Каева – вокална солистка, музичарка и текстописец, Владан Дробицки – трамбонист,Дино Милосављевиќ – тапани.

-Минималната препорачана донација за концертот изнесува 200 денари, кои посетителите ќе можат да ги оставаат во кутиите за донации што ќе бидат поставени од Црвениот крст за време на настанот во Центар-Јадро. Сите се добредојдени да присуствуваат, да се солидаризираат и да ја поддржат оваа важна кауза. Ви благодариме однапред за вашата дарежливост и емпатија!, се наведува во соопштението на Центар Јадро.бт/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан