• понеделник, 23 декември 2024

Хуманитарен викенд на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Хуманитарен викенд на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Скопје, 18 февруари 2023 (МИА) - Под мотото „Да помогнеме“, издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со книжарниците „Литература.мк“, организира хуманитарен викенд за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. На 18 и 19 февруари, во сите книжарници на „Литература.мк“, целиот приход од продадените книги од македонски автори, кои се во издание на „Арс Ламина“, ќе биде пренаменет за донација на погодените подрачја.

-Во овие тешки мигови, наша општествена и морална одговорност е да подадеме рака и да бидеме луѓе за оние на кои тоа е најмногу потребно. Ве повикуваме да се приклучите кон акцијата и со секое купено издание од македонски автори во издание на „Арс Ламина“ да помогнете на настраданите. „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ ќе продолжат со својата хуманитарна мисија, секогаш подавајќи рака на оние на кои им е потребна помош, се наведува во најавата за хуманитарниот викенд. мч/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан