Уставниот суд ќе склучи меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители
- Во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка и продлабочување на стручниот дијалог за уставно-правни прашања, Уставниот суд на Република Северна Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска ќе склучат меморандум за соработка.
Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка и продлабочување на стручниот дијалог за уставно-правни прашања, Уставниот суд на Република Северна Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска ќе склучат меморандум за соработка.
Како што информираат од Уставниот суд, меморандумот се склучува со цел да се воспостави и унапреди соработката, да се овозможи размена на знаења и искуства, како и зајакнување на институционалните капацитети.
Со овој документ двете институции ја потврдуваат својата заложба за продлабочување на стручната едукација и унапредување на разбирањето на уставната рамка, заштитата на уставноста и законитоста и развојот на современи институционални стандарди.
Од Уставниот суд посочуваат дека соработката ќе придонесе за континуирана стручна соработка и за унапредување на уставно-правните институционални прашања, кои се од значење за правниот поредок и демократскиот развој на државата. дма/са/
Фото: МИА архива