• понеделник, 23 декември 2024

Три работилници за медиумска писменост на четвртиот ден од ДМП 2024

Три работилници за медиумска писменост на четвртиот ден од ДМП 2024

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) – Четвртиот ден од Деновите на медиумска писменост 2024 носи три работилници со фокус на дезинформациите, вештачката интелигенција и медиумската писменост кај средношколците. 

Во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје од 09:30 до 12:30 часот,  ќе се одржи работилница на тема „Медиумска лабораторија: Препознавање дезинформации и креирање медиумски содржини“, организирана од Институтот за комуникациски студии (ИКС). 

Потоа, од 10 до 12 часот, во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи работилница на тема „Медиумската писменост и средношколците“, организирана од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Твининг проектот. 

Денот ќе заврши со работилница на тема „Вештачка интелигенција: можности и ризици“, која ќе се одржи од 12:30 до 14:30 часот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. 

Со Деновите на медиумска писменост 2024, кои ќе се одржат од 28 октомври до 4 ноември под мотото „Твојата свесност е најважниот филтер“, преку голем број разновидни настани Мрежата за медиумска писменост дава придонес кон одбележувањето на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост во организација на Алијансата за медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Темата на ДМП, поврзана со Глобалната недела, гласи „Медиумска и информациска писменост за информирање во јавен интерес“.ар/са/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан