• среда, 25 декември 2024

Традиционалната меѓународна манифестација „Празник на липите” во ДПМ

Традиционалната меѓународна манифестација „Празник на липите” во ДПМ

Скопје, 14 јуни 2023 (МИА) - Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе се одржи годинашната традиционална меѓународна манифестација „Празник на липите”.

Манифестацијата вообичаено почнува со интерпретацијата на песната „Липа” од Матеја Матевски, која годинава ќе ја прочита минагодишната добитничка на наградата „Книжевен жезол” – поетесата Гордана Михаилова Бошнаковска. Потоа, претседателот на ДПМ ќе ја отвори манифестацијата и ќе говори за поезијата на Новица Ѓуриќ, поет од Црна Гора – годинашен добитник на наградата „Книжевен жезол” за поетски опус.

За поезијата на Весна Ацевска, годинашен добитник на наградата „Книжевен жезол” за поетски опус, ќе зборува Владимир Мартиновски. Лауреатите Ѓуриќ и Весна Ацевска покрај плакетите, ќе добијат оригинални статуи на „Книжевниот жезол” изработени во даборез, а ќе биде објавена и промовирана и нивната заедничка книга „Поезија”.

Свеченоста ќе заврши со врачување на плакетите за наградите „Празник на липите” за најдобри творби на тема „Липа”, а годинашни добитници се Славица Дабевска Ќировска (за песна), Михајло Свидерски (за расказ) и Трајче Кацаров (за есеј). мч/лв/

фото: ДПМ

Остани поврзан