Со изложба на слики од Павле Кузманоски, Матица македонска ќе отвори ново културно катче
- Со изложба на слики од Павле Кузманоски во центарот на Скопје, Матица македонска денеска напладне, ќе отвори ново културно катче за љубителите на уметноста.
![Со изложба на слики од Павле Кузманоски, Матица македонска ќе отвори ново културно катче](https://mia.mk/index.php/images/20231212174022_big_730x400_35.webp )
Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Со изложба на слики од Павле Кузманоски во центарот на Скопје, Матица македонска денеска напладне, ќе отвори ново културно катче за љубителите на уметноста.
Почитувачите и следбениците на делото на познатиот уметник десет дена ќе имаат можност да уживаат во триесет негови антологиски пејзажи, создадени во последните три години. Изложбата ќе ја отвори раководителот на галеријата, Антонио Павловски.
-Галерискиот простор ќе биде збогатен со монографии за нашето културно и историско наследство, како и со монографски изданија за познати македонски сликари од сите генерации, информираат од Матица македонска. вг/са/