• петок, 05 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за дожд и грмежи

Скопје, 6 август 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Според најавите од УХМР, наредните денови следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура. дма/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан