Редовно годишно собрание на МАНУ
- Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи Редовно годишно собрание.

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи Редовно годишно собрание.
Претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, ќе има експозе за МАНУ во 2023 година и предизвиците во претстојниот период.
На дневен ред на собранието на Академијата се Предлог-извештај за работата во 2023 и Предлог-програма за работата во 2024 година од Претседателството на МАНУ.
За финансиските планови на Академијата во оваа година излагање ќе има секретарот на МАНУ, дописен член Блажо Боев. хс/са/
Фото: МИА архива