• вторник, 26 ноември 2024

Регионална конференција „Градење на капацитети на силен глас на медицински сестри и акушерки, грижа за работната сила“

Регионална конференција  „Градење на капацитети на силен глас на медицински сестри и акушерки, грижа за работната сила“

Скопје, 24 ноември 2023 (МИА) – Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТАМ) денеска ќе ја одржи десеттата регионална конференција насловена „Градење на капацитети на силен глас на медицински сестри и акушерки, грижа за работната сила“.

Како што информираат од здружението, конференцијата ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ со почеток од 9 часот.

- Ќе се осврнеме на квалитетно образование и како да се постигне целта за квалитет во образованието а со тоа да се обезбеди безбедност на пациентите, работната средина и развој на стратегија за намалување и стопирање на миграцијата на младите но и обучените медицински сестри и акушерки, велат оттаму.

На конференцијата ќе учествуваат Моника Ажман, претседателка на Здружение на медицински сестри и акушерки на Словенија, Радмила Нешиќ, претседателка на Сојузот на здравствени работници на Србија (СУЗРС), Нада Рондовиќ, претседателка на националното здружение на медицински сестри и акушерки на Црна Гора (НУМСБЦГ), м-р Валентина Горичанец од Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТАМ) и други. ар/са/

Фото:ЗМСТАМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан