• понеделник, 23 декември 2024

Работилница за нов проект на ФАО и МЗШВ за земјоделското земјиште во Пелагонија

Работилница за нов проект на ФАО и МЗШВ за земјоделското земјиште во Пелагонија

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) – Во Салата на Советот на Општина Битола денеска ќе се одржи почетна работилница за презентација на целите и планираните активности во рамки на нов проект насловен „Поддршка за решавање на приватно-јавната сосопственост со цел подобрување на управувањето и владеењето со земјоделското земјиште во Пелагонискиот регион“.

Проектот е во рамки на Програмата за техничка поддршка на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).

Настанот го организираат ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а поканети се околу 50 учесници, вклучително претставници од МЗШВ, Општина Битола, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Агенцијата за катастар, земјоделци и земјоделски организации, академската заедница, други локални чинители и медиумите.

Како што е најавено, поздравни говори на настанот ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, градоначалникот на Битола Тони Коњановски и Мортен Хартвигсен, претставник од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан