• петок, 05 декември 2025

Промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски - Питу - животна приказна“

Промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски - Питу - животна приказна“

Скопје, 19 мај 2025 (МИА) – Музејот на Република Северна Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите - 18 Мај со промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски - Питу - животна приказна“. Промоцијата ќе се одржи денеска во 12 часот, во изложбените простории на Музејот.

Публикацијата е дел од истражувачкиот проект посветен на животниот пат на револуционерот Кузман Јосифоски - Питу и се реализира во рамките на годишната програма, со поддршка од Министерството за култура и туризам. 

Нејзината намена е да ја збогати музејската презентација и едукација, на теми со историска содржина и да послужи како корисно помагало во наставата по историја и граѓанско образование, во рамките на образованиот процес. 

Автор на публикацијата е м-р Здравко Стојкоски, кустос - историчар во Музејот.ар/са/

Фото: Музеј на РСМ

 

Остани поврзан