Промоција на онлајн-играта „Навигатор“ - интерактивна платформа за едукација за човековите права
- По повод Меѓународниот ден на човековите права, во „Јавна соба“ денеска ќе биде промовирана онлајн-играта „Навигатор“ - интерактивна и едукативна платформа чија цел е да ги едуцира младите и јавноста за човековите права.
Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на човековите права, во „Јавна соба“ денеска ќе биде промовирана онлајн-играта „Навигатор“ - интерактивна и едукативна платформа чија цел е да ги едуцира младите и јавноста за човековите права.
Настанот го организира Делегацијата на Европската Унија во нашата земја и Јуроп хаус во партнерство со Обединетите нации и Министерството за образование и наука, и во соработка со гејминг здружението „Галактик Омнивор“ и Македонското здружение на млади правници.
-Целта на „Навигатор“ е преку иновативен пристап да ги мотивира учесниците да учат додека се забавуваат, истовремено нудејќи можност за освојување вредни награди подготвени од Делегацијата на Европската Унија, Обединетите нации и амбасадите на земјите членки на ЕУ, соопшти Делегација на ЕУ во земјава.
Најавени се обраќања на евроамбасадорот во Северна Македонија, Михалис Рокас, и постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбиа.
Јана Иванова од Македонското здружение на млади правници ќе ги презентира темите и содржината на онлајн-играта „Навигатор“, а Иван Кикеров од гејминг здружението „Галактик Омнивор“, ќе ја претстави механиката на играта. хс/ев/
Фото: МИА архива