• среда, 25 декември 2024

Промоција на машини за рециклирање и торби за домашна селекција на отпад во општина Аеродром

Промоција на машини за рециклирање и торби за домашна селекција на отпад во општина Аеродром

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Во рамки на проектот „Clean AirDrom - нула цврст отпад во Општина Аеродром“ финансиран од Европската Унија  денеска во  ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче ќе бидат промовирани машини за рециклирање и торби за домашна селекција на отпад.

На настанот, како што информираат од Општина Аеродром,  ќе се обратат в. д. градоначалникот Дејан Митески, министерот за локална самоуправа Златко Перински, шефот за соработка при Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин и амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман.

Проектот „Clean AirDrom - нула цврст отпад во Општина Аеродром“ е во висина од над 500 илјади евра и целта е да придонесе за зголемена одржливост на урбаното живеење во општината преку воведување иновативен модел за управување со отпад. дма/бак/

Фото: Постер

Остани поврзан