• недела, 24 ноември 2024

Променливо облачно со повремен дожд, попладне нестабилно со грмежи и засилен ветер

Променливо облачно со повремен дожд, попладне нестабилно со грмежи и засилен ветер

Скопје, 15 мај 2023 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Од УХМР информираа дека времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 21 степен.

До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во петок и сабота ќе преовладува претежно сончево време, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето. цр/

Фото:МИА

Остани поврзан