• среда, 25 декември 2024

Променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи

Скопје, 9 мај 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи. Особено попладне и локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени.

До петок времето ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Во сабота ќе биде краткотрајно претежно стабилно, а потоа се очеку променливо време со послаба нестабилност. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан