• вторник, 25 март 2025

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник на мега-паркот со плоштад во населба Радишани

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник на мега-паркот со плоштад во населба Радишани

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен темелник на мега-паркот со плоштад во населба Радишани, Општина Бутел.

Како што информира владината прес-служба, паркот ќе се протега на површина од 10.000 м2. Новиот парк ќе има зелена површина од 6.000 м2, плоштад од 4.000 м2 и мега детско игралиште.

Проектот е вреден 20 милиони денари, а средствата се обезбедени од Владата.

Настанот е организиран во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, а покрај премиерот Мицкоски, како што најавуваат од Министерството за локалната самоуправа,  ќе пприсуствуваат и министерот Златко Перински, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и заменикот министер за локална самоуправа, Ерџан Селими.

Владините претставници, заедно со градоначалникот Дарко Костовски, ќе го најават официјалното отпочнување на проектот „Основен проект за изградба на јавна површина со плоштад и пешачка патека во Радишани“, кој е еден од дванаесетте проекти кои Општината ќе ги реализира со средства од државниот буџет, одобрени на првиот јавен повик за финансиска поддршка за инфраструктурни општински проекти. сст/ев/

Фото МИА архива

 

Остани поврзан