Премиера на документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна"
- Вечер ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна", изработен во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација" финансиран од Европската Унија.

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Вечер ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Промени
го крајот на нечија приказна", изработен во рамките на проектот „Поддршка на системот за
трансплантација" финансиран од Европската Унија.
Документарниот филм ги следи животните приказни на пациенти, донори и медицински професионалци кои се дел од системот за трансплантација во Северна Македонија, прикажувајќи ги предизвиците и успесите во оваа важна област на медицината.
-Органодонорството претставува еден од најблагородните чинови на солидарност и хуманост. Во нашата држава, како и во светот, илјадници пациенти чекаат за трансплантација која буквално значи втора шанса за живот. Секој донор може да спаси до осум животи и да го подобри квалитетот на живот на многу повеќе луѓе, се вели во најава на премиерота на документарниот филм.
Системот за трансплантација во Северна Македонија, се нагласува, бележи континуиран напредок, но, сè уште се соочува со предизвици во поглед на свеста за донирање органи. сст/ев/
Фото „Поддршка на системот за трансплантација"