• петок, 05 декември 2025

Презентација на студијата „Движење на криминалот и казнената политика на судовите во периодот 2017 – 2023 година“

Презентација на студијата „Движење на криминалот и казнената политика на судовите во периодот 2017 – 2023 година“

Скопје, 2 октомври 2025 (МИА) - Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Здружението за кривично право и криминологија на Македонија денеска на Правниот факултет организираат научно-стручна расправа на која ќе биде презентирана студијата „Движење на криминалот и казнената политика на судовите во Република Северна Македонија во периодот 2017 – 2023 година“, проследена со дискусија.
 
Студијата е изработена во рамки на проектот „Движење на криминалот и казнената политика во РМ во периодот од 2013 до 2017 година“.

-Ова истражување е особено значајно бидејќи анализата на судската казнена политика е од значење за да се оцени ефикасноста на различните санкции. Односот помеѓу судската практика на казнување и стапките на криминалитет може да бидат значајни за изведување заклучоци за делотворноста на различните санкции и да покажат во која мера се применуваат поедини санкции, соопштија организаторите.

Како што најавија, на расправата ќе присуствуваат истакнати научници и стручњаци од пракса. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан