• вторник, 24 декември 2024

Презентација на националниот систем на интегритет на Северна Македонија

Презентација на националниот систем на интегритет на Северна Македонија

Скопје, 12 јануари 2024 (МИА) - Во организација на Транспаренси Интернешнл - Македонија денеска ќе бидат презентирани резултатите од Националниот систем на интегритет на Република Северна Македонија.

На отворањето на настанот ќе се обратат претседателката на Транспаренси Интернешнл - Македонија Слаѓана Тасева, заменик амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау и  амбасадорот на Швајцарија, Вероник Хулман.

-Анализата беше спроведена во периодот меѓу јануари 2022 и декември 2023 година. Македонскиот систем на национален интегритет продолжува да се карактеризира со доминација на извршната власт и слабоста на другите клучни институции. Извршната и законодавната власт се особено силни во однос на нивниот капацитет, но слаби во однос на антикорупцијата и потребата да се подобри нивното внатрешно управување, велат од Транспаренси Интернешнл - Македонија. дма/ев/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан