Презентација на Дигитална колекција Анте Поповски
- ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје по повод својот 79. роденден ќе ја презентира Дигиталната колекција Анте Поповски. Проектот е во соработка со семејството и Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски - Антево Перо, соопштија од библиотеката.

Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје по повод својот 79. роденден ќе ја презентира Дигиталната колекција Анте Поповски. Проектот е во соработка со семејството и Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски - Антево Перо, соопштија од библиотеката.
Дигитализирањето на творештвото на Поповски, како и целокупната дигитална платформа, велат од Градската библиотека, се од особено значење за афирмација на македонската култура и јазик и нивна поголема достапност до студентите, истражувачите и академската фела. сст/са/