• сабота, 22 февруари 2025

Отворен ден на Стопанската комора на северозападна Македонија

Отворен ден на Стопанската комора на северозападна Македонија

Скопје, 16 јануари 2025 (МИА) - Стопанската комора на северозападна Македонија денеска организира Отворен ден со учество на бизнис-членки на Комората и членови на Владата и претставници на државни институции.

Организаторот соопшти дека целта на Отворениот ден е зајакнување на соработката меѓу приватниот и јавниот сектор.

Покрај претседателот на Комората, Менди Ќира, на настанот ќе се обратат и првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили. хс/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан